ИН ТАКСИ ДОО СКОПЈЕ престана да врши поштенски услуги

Сметано од 01.06.2015 година ИН ТАКСИ ДОО СКОПЈЕ престана да обезбедува поштенски услуги во внатрешен сообраќај на територијата на Република Македонија и го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Печати Е-пошта

50-та јубилејна CERP Пленарна седница

На 28-ми и 29-ми мај 2015 година во Софија, Република Бугарија се одржа 50-тата годишна Пленарна седница на Европскиот комитет за поштенски регулации (CERP).

На пленарната седница учествуваа претставници од 29 земји членки на Европската конференција на поштенски и телекомуникациски администрации (CEPT) со 72 делегати и 5 делегати посматрачи.

На оваа седница од страна на Агенцијата за пошти учествуваа Љубиша Митевски во својство на CERP Претседател кој го организираше работниот програм и ја водеше Пленарната седница, Мирјана Јанковиќ во својство на претставник на CERP Секретаријат и Васил Влахчев учесник на Пленарната седница.

Печати Е-пошта

Информација

Агенцијата за пошти ги информира граѓаните, правните лица и институциите во Република Македонија, корисници на поштенски услуги,  дека поштенски услуги  на целата територијата на Република Македонија или на нејзин одреден дел, може да вршат само оние правни лица кои имаат статус на даватели на поштенски услуги врз основа на Индивидуална дозвола или на Општо овластување, издадени од страна на Агенцијата за пошти .

Извод од базата со податоци за актуелни поштенски оператори, која се ажурира на дневна основа може да се најде на следниот линк 

За правните лица:               

  1. ДИЛИВЕРИ СЕРВИС ИНТЕРНЕШЕНЕЛ ДООЕЛ Скопје,
  2. БТЛ ЛОГИСТИК ДООЕЛ Скопје и
  3. ИН ПОШТА РАДЕСКИ  ДООЕЛ Скопје,

Агенцијата за пошти нема издадено Општо овластување, истите немаат статус на даватели на поштенски услуги и немаат право да вршат поштенски услуги.

 

Печати Е-пошта