Почетна

Прва македонска конференција за е- трговија

 

На 26-ти Октомври во хотелот Marriott во Скопје ќе се одржи  Прва македонска годишна конференција за е- трговија.

Овој настан има за цел да ги донесе на едно место клучните фигури во овој сектор за да се поврзат, состанат и да споделат знаења и искуства. Под насловот "е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!" конференцијата ќе опфати четири главни теми: Развој, Плаќања, Испорака и Маркетинг, организирани во 10 главни предавања и 3 интерактивни панел дискусии кои ќе ги одржат 20 македонски и меѓународни говорници.

На оваа конференција учество ќе земе и директорот на Агенцијата за пошти г-дин Влатко Атанасоски, кој ќе има излагање во панелот: Достава и прекугранична трговија “Каде е пратката?”

Повеќе за настанот на следниот линк тука

Печати Е-пошта