Почетна

Трет Вонреден Конгрес на Светскиот Поштенски Сојуз

Трет Вонреден Конгрес на Светскиот Поштенски Сојуз

Делегацијата на Република Северна Македонија предводена од директорот на Агенцијата за пошти г-ѓа Билјана Аврамоска – Ѓореска, во состав од Наташа Хронеска- Советник во Постојаната мисија на РСМ во Канцеларијата на ОН во Женева, Ејуп Рустеми - Генерален директор на АД Пошта на Северна Македонија, Горан Игнатовски -  Раководител на директорат за финансиски и економски работи во Агенцијата за пошти, Рами Јусуфи - Шеф на кабинет во АД Пошта на Северна Македонија, Сара Брава - Советник во кабинетот на генералниот директор на АД Пошта на Северна Македонија, Димитар Лазаревски- Шеф на оддел за поштенски сообраќај, Весна Димовска - Соработник, Виолета Тасевска – Соработник и Бурим Билали - Втор секретар во Постојаната мисија на РСМ во Канцеларијата на ОН, присуствуваше на Третиот  Вонреден Конгрес на Светскиот Поштенски Сојуз кој се одржува во Женева од 24 до 26 септември 2019 година.

На Вонредниот Конгрес, 155 присутни земји членки со право на глас со акламација ја усвоија опцијата В која беше предложена на Меѓународното Биро, а се однесува на системот на ренумерација на терминалните трошоци за поштенските пратки со Е-формат, т.е. за начинот  за пресметка на терминални трошоци (UPU remuneration system).

Подолу Ви го пренесуваме интегрално текстот, односно официјалната изјава на Светскиот Поштенски Сојуз, која се наоѓа на следниов линк: http://news.upu.int/no_cache/nd/upu-member-countries-reach-unanimous-agreement-on-postal-remuneration-rates/

 

Земјите членки на УПУ (Светскиот поштенски сојуз) постигнаа едногласен договор за меѓународните цени за ремунерација

„УПУ е силна како и секогаш“, рече генералниот секретар на УПУ, Бишар А. Хусеин, за време на прес-конференцијата по седницата. „Денес е историски момент, ден кога го спречивме можното излегување на една од нашите земји членки и секако многу други разочарани земји“.

Одлуката, која се случи во текот на вториот ден од состанокот во Женева, ќе овозможи стапката на развој на УПУ да се забрза од аспект на системот што се користи за ремунерација на испораката на меѓународна масовна пошта и мали пакети во доаѓање, во фази, како тарифи кои системот сам ќе ги определи започнувајќи од 2020. Вонредниот Конгрес со акламација го одобри предлогот, познат како „Опција В“(Option V).

Говорејќи за време на прес-конференцијата, помошникот на претседателот на Соединетите Американски Држави и директорот за политиката за трговија и производство, воедно и шеф на американската делегација, г. Питер Наваро, рече: „Денес тимот на Белата куќа во соработка со директорот на Светскиот  поштенски сојуз и широката коалиција на пријатели и сојузници во UPU ја постигнаа целта на претседателот. “

Според договореното решение, земјите членки кои исполнуваат одредени услови – вклучувајќи писмоносни пратки во доаѓање кои ја надминуваат количината од 75.000 метрички тони, врз основа на податоците за 2018 година, ќе можат да се одлучат сами да ги определат своите тарифи почнувајќи од 1 јули 2020 година.

Одлуката исто така вклучува прагови за заштита на земјите во развој кои имаат низок обем на поштенски сообраќај од влијанието на брзата реформа.

Говорејќи за одлуката, директорот на УПУ за политика, регулатива и пазари Сива Сомасундрам рече: „Ова е значајна одлука за мултилатерализамот и за Сојузот. Вонредниот Конгрес во Женева покажа дека 192-те земји можат да постигнат решение за сложени прашања со акламација“.

Системот за поштенски надоместоци (ремунерација), познат и како систем на терминални трошоци, гарантира дека националните поштенски оператори добиваат компензација за манипулативните трошоци, трошоците за транспорт, испорака и прекугранична достава на масовна пошта и мали пакети. Земјите членки се согласија со сегашниот систем за време на Светскиот Поштенски Конгрес во 2016 година во Истанбул.

На 17 октомври 2018 година, САД испратија писмо за повлекување до УПУ, но изјавија дека нема да го сторат тоа доколку се најде решение за системот за тарифи за ремунерација.

Едно од управните тела на УПУ, Советот за администрација, ги забрза дискусиите за промените во системот на ремунерација. Во јуни 2019 година, земјите членки по пошта гласаа за одржување на трет Вонреден конгрес за да се донесе одлука за предложените измени.

 

 

Печати Е-пошта