Почитувани, Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на Тринаесетта јавна седница која ќе се одржи на 20.12.2018 година (Четврток) со почеток во 11:00 часот во хотел Холидеј Инн, во Дневната сала.
Поради потребите на ЕУ Твининг проект ,чиј корисник е Агенцијата за пошти, потребни се лица на 2 позиции, односно еден (1) Асистент на РТА и еден (1) Јазичен асистент на РТА, во рамките на Твининг проектот.
За повеќе информации, како и за начинот и условите за аплицирање, на следните линкови:
Job Announcement for RTA Assistant (RTAA) for EU-Twinning Projectпревземи
Job Announcement for RTA Language Assistant (LA) for EU-Twinning Projectпревземи
На 26-ти октомври 2018 година во салата на Хотелот Мериот во Скопје се одржа Првата конференција за е-трговија во организација на Асоцијата на е-трговија на Македонија.Темата на овогодинешната конференција гласеше „е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија”.
На конференцијата се обрати претседателката на Асоцијата за е-трговија Нина Анѓеловска која што истакна дека Македонците во првото полугодие од оваа година, според податоците од НБРМ, потрошиле 63 милиони евра за купување онлајн, што претставува пораст од 20% во однос на првото полугодие од минатата година. Најголем дел од овие трансакции завршиле кај странските е-трговци, или скоро 41 милиони евра наспроти 22 милиони евра остварени кон домашните е-трговци.
На настанот свое излагање имаа над триесетина говорници, модератори и панелисти од 8 земји, коишто дискутираа за тековните состојби, предизвици и идните трендови на полето на електронската трговија. Свое учество имаше и директорот на Агенцијата за пошти, Влатко Атанасоски.
Во продолжение проследете ги прашањата на присутните и одговорите на првиот регулатор на поштенските услуги во Македонија.