Светски ден на поштата

Светскиот ден на поштата се празнува секоја година на 9 октомври, тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн. Целта на Светскиот ден на поштата е да ја подигне јавната свест за улогата на поштенскиот сектор во секојдневниот живот на луѓето и бизнисите и неговиот придонес за општествениот и економски развој на земјите.

Печати Е-пошта

ИН ТАКСИ ДОО СКОПЈЕ престана да врши поштенски услуги

Сметано од 01.06.2015 година ИН ТАКСИ ДОО СКОПЈЕ престана да обезбедува поштенски услуги во внатрешен сообраќај на територијата на Република Македонија и го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Печати Е-пошта

50-та јубилејна CERP Пленарна седница

На 28-ми и 29-ми мај 2015 година во Софија, Република Бугарија се одржа 50-тата годишна Пленарна седница на Европскиот комитет за поштенски регулации (CERP).

На пленарната седница учествуваа претставници од 29 земји членки на Европската конференција на поштенски и телекомуникациски администрации (CEPT) со 72 делегати и 5 делегати посматрачи.

На оваа седница од страна на Агенцијата за пошти учествуваа Љубиша Митевски во својство на CERP Претседател кој го организираше работниот програм и ја водеше Пленарната седница, Мирјана Јанковиќ во својство на претставник на CERP Секретаријат и Васил Влахчев учесник на Пленарната седница.

Печати Е-пошта