Измената на Законот за поштенските услуги

Собранието на Република Македонија ја донесе измената на Законот за поштенските услуги ("Службен весник на Република Македонија" број 27 од 05.02.2014). Измената на законот стапи на сила на 13.02.2014 година.

Со измената во член 92 од Законот, одложен е датумот на целосна либерализација на поштенскиот пазар во Република Македонија за 2 години.

Печати Е-пошта

Билатерална средба со претставници од Републичката агенција за поштенски услуги на Р. Србија

На 29 и 30 јануари 2014 во просториите на Агенцијата за пошти се одржa билатерална средба помеѓу претставници од Републичката агенција за поштенски услуги на Р. Србија и Агенцијата за пошти. Целта на билатералната средба e проширување на меѓусебните односи и размена на искуства во областа на регулацијата на поштенскиот сообраќај во двете земји како и перспективите со можни бариери за понатамошен развој на поштенските услуги на Европскиот и Светскиот пазар.

Како резултат на досегашните добри меѓусебни односи, а во насока на понатамошно проширување на соработката, главен настан на билатералната средба беше потпишувањето на Меморандум за меѓусебно разбирање  во областа на регулацијата на поштенските услуги.

Печати Е-пошта

Иницијатива за ослободување на интернет-шопинг до 150 евра од царина

Агенцијата за пошти поднесе иницијатива за тројно зголемување на сумата до која нарачаните предмети од странство се ослободени од царина. Во моментов за пратките со вкупна вредност до 45 евра, во која се вклучени и транспортните трошоци, не се плаќа царина. Доколку се усвои иницијативата, од царина ќе бидат ослободени пратките со вкупна вредност до 150 евра.

Целиот текст може да го видите на веб страната на Дневник

Печати Е-пошта