Покана за присуство на Тринаесетта јавна седница на Агенцијата за пошти

Почитувани,
Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на Тринаесетта јавна седница која ќе се одржи на 20.12.2018 година (Четврток) со почеток во 11:00 часот во хотел Холидеј Инн, во Дневната сала.

Ја користиме оваа можност да Ве известиме дека Агенцијата за пошти овие седници ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзините превземени активности.


Седницата ќе го има следниот дневен ред:
1. Состојбата на поштенскиот пазар во Република Македонија,
2. Рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти.

 

 

 

 

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство.

 

 

Агенција за пошти
ГТЦ, 2 кат, секција 6, локал 116 - Скопје
тел/факс: 02 3 212 107
e-mail: info@ap.mk
Агенција

Печати Е-пошта