Јавна седница на Агенцијата за пошти

 

Дванаесетта јавна седница на Агенцијата за пошти ќе се одржи на 22.12.2017 година (петок) со почеток во 11:00 часот во хотел Holiday Inn, во Дневната сала, со следниот дневен ред:

  1. Состојбата на поштенскиот пазар во Република Македонија,
  2. Рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти во 2017 година,
  3. Идни планови и активности на Агенцијата за пошти.

Печати Е-пошта

Известување

Поради натписите кои се појавија во дел од електронските медиуми, а во врска со информацијата дека вработените од Македонска пошта се испратени на принуден одмор, сакаме да ги информираме корисниците дека во ниту еден момент не е доведено во прашање работењето на поштенскиот сообраќај во државата. Сите подружници на Македонска пошта и единиците на поштенска мрежа редовно и навремено и покрај ниските температури ги извршуваат своите обврски.

Менаџментот на АД „Македонска пошта“ како што води грижа за своите корисници исто така води грижа и за своите вработени, и во рамките на можностите ги почитува јавно изнесените препораки од Управувачкиот комитет за кризи.

Известувањето е превземено од веб страната на АД „Македонска пошта“

Печати Е-пошта

Јавна седница 11

Единаесеттата јавна седница на Агенцијата за пошти се одржa на 26.12.2016 година во хотел Holiday Inn, во Дневната сала.

Сите заинтересирани страни се информираа и запознаа со превземените активности на Агенцијата за пошти во годината што изминува.

Седницата го имаше следниот дневен ред:
1. Состојбата и трендовите на поштенскиот пазар во Република Македонија за 2015 и 2016 година,
2. Истражување за задоволството на корисниците од услугите на давателот на универзална услуга.

Печати Е-пошта

Повеќе артикли...