Компоненти на проектот

Компоненти на проектот

  • Компонента 1 - Креирање на документи за политики и процедури
  1. Работилница I – 01.04.2019 – 05.04.2019 год.

Во април 2019 година се одржа првата работилница од првата компонента на која покрај вработените од Агенцијата за пошти присуствуваа и претставници од Министерството за транспорт и врски и од Пошта на Северна Македонија и истата траеше пет дена.

На обуката беше даден преглед на европската легислатива во однос на регулација на поштенскиот пазар односно разграничување на поштенските услуги, на концептот и делокругот на универзалната поштенска услуга, на финансирањето на универзалната поштенска услуга и назначен оператор и беше презентирана сегашната состојба со ЕУ Директивата за пошти и планираната измена на истата.

       2.Работилница II- 06.05.2019- 10.05.2019 год. 

Во мај 2019 година се одржа втората работилница од првата компонента на која освен претставници од Агенцијата, присуствуваа и претставници од Министерството за транспорт и врски и од Пошта на Северна Македонија.

Бидејќи Работилницата траеше 4 дена, на истата се опфатија повеќе теми.

Првиот ден се обработуваа теми во врска со Поштенската директива, трендовите за ревизија на Директивата, предлозите и промените за реформи во системот за плаќање на Светскиот поштенски сојуз.

На вториот ден се дискутираше за назначените оператори за универзална услуга, за правата и обврските на корисниците на поштенските услуги, за ЕУ регулативата за достава на поштенски пакети и пристап до мрежата на давателот на универзална услуга.

Државната помош за давателот на универзална услуга и  моделот на договор за пристап до мрежата во Шпанија беа теми за кои се дискутираше на третиот ден.

Четвртиот ден се дискутираше за националните регулаторни тела, нивната независност, а се дадоа и насоки и првични теми за следната обука која ќе се одржи во јули 2019 година.

      3.Работилница III- 09.09.2019 – 13.09.2019 год.

На третата работилница од компонента III учествуваа претставници од Агенцијата и од Министерството за транспорт и врски. Работилницата траеше 5 дена, а главен фокус на истата беше анализа на структурата на Законот за поштенските услуги, како и подзаконските акти донесени врз основа на истиот; анализа на македонската нормативна рамка. Експертите дадоа забелешки и предлози за подобрување на македонската норматива, во насока на дополнително усогласување со Поштенската директива на ЕУ, а имајќи во предвид дека ќе настапи целосна либерализација на пазарот од 01.01.2020 година.

Исто така од страна на шпанските експерти беа дадени повеќе препораки.

  • Компонента 3 - Зајакнување на улогата на инспекцискиот надзор на Агенцијата за пошти
  1. Работилница I – 08.07.2019- 12.07.2019 год.

Од 08 до 12 јули 2019 година се одржа првата работилница од третата компонента на која беа разработени теми од поштенската област, во насока на нивна регулација во законската и подзаконската регулатива, како и теми од областа на инспекцискиот надзор.

Беа презентирани и компаративни анализи на решенијата во Европската Унија и во Шпанија, како и одредени специфични примери и искуства од останатите земји. На работилницата учествуваа претставници од Агенцијата за пошти, Министерството за транспорт и врски и од АД Пошта на Северна Македонија.

На првиот ден беа опфатени теми во врска со анализа на поштенскиот пазар и режимот за издавање на дозволи и овластувања.

Вториот ден се разговараше за режимот на рекламации од корисниците на поштенските услуги и постапките за прекршоци и санкции.

Третиот ден тема на работилницата беше инспекцискиот надзор (инспекциски планови) со дискусија за регулативата во Македонија и компаративно во Шпанија и ЕУ.

Четвртиот ден се разговараше за инспекцискиот протокол и режимот на прекршоци и санкции во Шпанија.

На последниот ден беа опфатени темите за моделите на записници и извештаи од извршените надзори, санкциите и жалбите, како и годишниот извештај за надзор, а претставниците на Агенцијата направија презентација на начинот на вршење на надзор во АП (документација, процедури, прекршочни постапки, судски постапки) на реализиран предмет за надзор. На крајот се дадоа сугестии и препораки за следната обука која ќе се одржи во септември и на која ќе се работи на конкретни предлози за промени во регулативата во Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Печати Е-пошта