Директор

Билјана Аврамоска – Ѓореска е избрана за Директор на Агенција за пошти од јануари 2019 година.

 

Во периодот од 1999  до крајот на  2001 година е ангажирана како проект менаџер во Издавачка - консултантска  фирма “Нови страници“. Во истиот период е и волонтер во Адвокатската канцеларија „Андоновски“. Во периодот од 2000 до крај на 2002 година е ангажирана како консултант во кабинетот на градоначалникот на Град Скопје.

Од декември 2002 година до декември 2004 година работи во Министерството за труд и социјална политика, како Советник и контакт личност со Меѓународната организација за труд(MOT-ILO). Во овој период нејзиниот работен ангажман е насочен кон зајакнување на соработката со Меѓународната организација за труд со цел зајакнување на работничките права и подобрување на работните и животните услови на работниците, како и создавање на можности за нови работни места и за обезбедување пристап до информации и обука на вработените.

Во периодот од декември 2004 година до март 2007 година е портпарол на Министерството за одбрана. Нејзиниот ангажман е во насока на зајакнување на соработката со претставниците на медиумите со цел промоција на напредокот и реформите од областа на одбраната.

Во периодот од март 2007 година до јануари 2019 година во Министерството за одбрана работи на повеќе позииции поврзани со подготовка и изведување на обуки за вработените во МО и АРМ, како и на вработените во државната администрација која работи на полето со односи со јавноста. Исто така, работела на подготовката на повеќе стратегиски документи од значење за одбраната.

Во 1999 година дипломира на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот од октомври 2009 година до јули 2010 година завршува втор циклус на студии на Центарот за безбедносни студии во Женева, Швајцарија, при што се здобива со научен степен Магистер по меѓународна и европска безбедност.

Од 1994 година до 1999 година ангажирана е како Проект менаџер за човекови права во рамките на  Меѓународна организација на студенти по право и млади правници  (European Law Organization of the  students and young lawyers).

Во рамките на својот работен ангажман во Министерството за одбрана има посетувано бројни обуки, курсеви, семинари, има учествувано на бројни конференции, а била и член на повеќе делегации на Министерството за одбрана на највисоко ниво при посета на странски држави.

Билјана Аврамоска – Ѓореска ја има завршено Школата за јавни политики „Мајка Тереза“, како и обуката на Министерството за информатичко општество и администрација посветена на Управување со проектниот циклус во траење од 5 модули.

Автор е на една книга и коавтор на повеќе научни и стручни трудови објавени во земјата и во странство.

Зборува англиски јазик.

Печати Е-пошта