Апликации за работни позиции за ЕУ Твининг проект

Поради потребите на ЕУ  Твининг проект ,чиј корисник е Агенцијата за пошти, потребни се лица на 2 позиции, односно еден (1) Асистент на РТА и еден (1) Јазичен асистент на РТА, во рамките на Твининг проектот.

За повеќе информации, како и за начинот и условите за аплицирање, на следните линкови:

Job Announcement for RTA Assistant (RTAA) for EU-Twinning Project  превземи

Job Announcement for RTA Language Assistant (LA) for EU-Twinning Project превземи

 

 

 

 

Печати Е-пошта

Прва годишна конференција за е-трговија во Македонија

     На 26-ти октомври 2018 година во салата на Хотелот Мериот во Скопје се одржа Првата конференција за е-трговија во организација на Асоцијата на е-трговија на Македонија.Темата на овогодинешната конференција гласеше „е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија”.

     На конференцијата се обрати претседателката на Асоцијата за е-трговија Нина Анѓеловска која што истакна дека Македонците во првото полугодие од оваа година, според податоците од НБРМ, потрошиле 63 милиони евра за купување онлајн, што претставува пораст од 20% во однос на првото полугодие од минатата година. Најголем дел од овие трансакции завршиле кај странските е-трговци, или скоро 41 милиони евра наспроти 22 милиони евра остварени кон домашните е-трговци.

На настанот свое излагање имаа над триесетина говорници, модератори и панелисти од 8 земји, коишто дискутираа за тековните состојби, предизвици и идните трендови на полето на електронската трговија. Свое учество имаше и директорот на Агенцијата за пошти, Влатко Атанасоски.

Во продолжение проследете ги прашањата на присутните и одговорите на првиот регулатор на поштенските услуги во Македонија.

Печати Е-пошта

Светски ден на поштата

 

Светскиот ден на поштата се празнува секоја година на 9 октомври, тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн. Целта на Светскиот ден на поштата е да ја подигне јавната свест за улогата на поштенскиот сектор во секојдневниот живот на луѓето и бизнисите и неговиот придонес за општествениот и економски развој на земјите.

Печати Е-пошта