Licensed operators

За нас

 

  • Агенцијата за пошти е формирана на 15 јули 2008 година, согласно со Законот за поштенски услуги (Службен весник на РМ бр.9/2008) како независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги. Со запишување во централниот регистар на Република Македонија на 22 јули 2008 година, Агенцијата за пошти стекна статус на правно лице со јавни овластувања. Агенцијата започна со работа на 10 Ноември 2008 со конституирана стручна служба во просториите на адреса Кеј 13ти Ноември ГТЦ кат 2, секција 6, локал 116.
  • АП претставува независно регулаторно тело во областа на поштенски услуги,која се основа како самостојно и непрофитно правно лице, која врши јавни овластувања утврдени со Законот за поштенските услуги.
  •  Агенцијата со својата работа и при донесување на одлуки во рамките на своите овластувања е независна од друг државен орган или друго јавно правно или трговско друштво што врши дејност од областа на поштенските услуги и треба да биде непристрасна кон нив.

Print Email