Печати

Поплаки

Чекор 1:

Вие како корисник на поштенски услуги, имате законско право да поднесете рекламација директно кај давателот на поштенските услуги.

Испраќач има право да поднесе писмена рекламација до давателот на поштенските услуги во рок од 3 месеци од денот на испраќање на пратката;

Примач на поштенски услуги има право да поднесе рекламација веднаш, ако оштетувањето е видливо од надвор и во рок од 24 часа од приемот на поштенската пратка ако оштетувањето не е видливо однадвор .

Доколку корисникот не поднесе рекламација во предвидениот рок го губи правото на надомест на штета.

Давателот на поштенските услуги е должен да ја прими рекламацијата и да даде одговор на истата во рок од 30 дена за пратки во внатрешниот сообраќај и во рок од 2 месеца за поштенски пратки во меѓународниот поштенски сообраќај.

Во случаи кога корисникот на поштенски услуги нема да добие одговор на рекламацијата од давателот, не му е дадена можност да поднесе рекламација или пак е незадоволен од одговорот по рекламацијата, има право да се обрати во Агенцијата за пошти односно да поднесе барање за поведување постапка, во рок од 15 дена по истекот на погоре споменатите рокови.

Поднесување поплака

TOP