Право на приговор

         Секој корисник на поштенски услуги има право на приговор на одлука или на постапка преземена од давателот на поштенски услуги во врска со пристапот до услугите и обезбедувањето на услуги. Корисникот може да даде приговор до давателот на поштенските услуги во рок од 30 дена од денот кога ќе дознае за одлуката или постапката на давателот на поштенските услуги.

         Доколку давателот на поштенските услуги го отфрли приговорот или не донесе одлука во рок од 30 дена од приемот на приговорот, корисникот на поштенските услуги може да поднесе писмено Барање за поведување постапка пред Агенцијата во рок од 15 дена по истекот на овој рок, согласно одредбите од глава XII од ЗПУ.

 

 

 

 

член 57, став 2 и 3 од ЗПУ;

Печати Е-пошта