Конкурс "НАПИШИ ПИСМО СО РАКОПИС НА СРЦЕТО"

Конкурс "НАПИШИ ПИСМО СО РАКОПИС НА СРЦЕТО"
  Со цел да се обнови традицијата на пишување писма, да се стимулира креативниот однос на граѓаните кон интимната димензија на писмата и кон афирмирање на јазичната и писмената култура и традиција кои што во историјата на светската култура има оставено неизбришливи траги, АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ РАСПИШУВА НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРО ПИСМО „НАПИШИ ПИСМО СО РАКОПИС НА СРЦЕТО“ (темата на конкурсот е слободна)

Конкурсот ќе биде поделен во III категории:

  • I категорија –  за деца до 12 годишна возраст
  • II категотија – за млади до 18 годишна возраст
  • III – за возрасни над 18 години

За трите категории по три награди:

  • I категорија – 9 000 ден, 6 000 ден  и 3 000 ден.
  • II категорија- 12 000 ден, 9 000 ден  и 6 000 ден.
  • III категорија – 30 000 ден, 18 000 ден и 6 000 ден.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија.

Пристигнатите писма треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Да бидат напишани со личен авторски ракопис
  2. Да бидат напишани на македонски или албански јазик и не смеат да бидат претходно објавувани
  3. Да се наведе во која категорија ќе учествува писмото
  4. Должината да не изнесува повеќе од 500 збора
  5. Да биде запазена формата на пишување  писмо – со обраќање до примачот
  6. На задната страна на ковертот, авторот на писмото да ја наведе точната адреса на живеење . Дополнителни информации и контакт може да се испратат на посебен лист во истиот коверт.

Писмата треба да се испратат најдоцна до 14 април 2014 година, во плик на следната адреса :    Агенција за пошти, (со назнака:  за награден конкурс - категорија), п.фах 164, 1001 Скопје

Доставените писма не се враќаат. Дозволени се номинации само од авторите на писмата. Одлуката на жирито е конечна. Покрај паричните ќе бидат доделени и награди во книги. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 14 мај 2014 година.