Австриските поштенски работници се справија со агресивните кучиња

Австриските поштенски работници се справија со агресивните кучиња

Австриската Пошта започна да им дава на своите работници колачиња за кучиња, со цел да им помогне да се справат со агресивни миленици кога доставуваат пошта.

Одлуката да им се даде на 9.000 работници торба со кучешки бисквити која ќе ја носат со себе секој ден е донесена откако 47 работници биле каснати минатата година, изјави портпаролот.

„Секое гризнување е премногу“, изјавил Мајкл Хомола за вестите на NBC.

Државните медиуми ја цитираат изјавата на еден поштенски работник, Марија Стокер, дека со бисквитите има разлика.

„Кучињата сега се примерни“, искоментирала таа.

Сопствениците на кучињата исто така го поздравија потегот.

„Нашите кучиња сигурно ќе се смират ако им се дадат бисквити и шансите да бидат агресивни се помали“, изјавил сопственикот на куче Максимилијан Фајфенберг за весникот.