Известување до корисниците на А.Д„Пошта на Северна Македонија“ - Скопје

Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници дека во услови на актуелната состојба со коронавирусот, секојдневно прави напори за воспоставување на размена на пратки со повеќе земји во меѓународниот поштенски сообраќај.

А.Д„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје информира дека со оглед на затвореноста на аеродромот во Скопје, размената на пошта ќе се извршува по сувоземен односно површински пат и тоа со следните земји:

  • Албанија;
  • БоснаиХерцеговина;
  • Бугарија;
  • Германија;
  • Грција;
  • Косово;
  • Молдавија;
  • Романија;
  • Словенија;
  • Србија;
  • Турција;
  • Украина;
  • Хрватска, и
  • ЦрнаГора.

 

А.Д „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во  Република Северна Македонија се доставуваат до крајните корисници односно примачи.

Со оглед на работењето во вонредни околности со намалени капацитети во сите поштенски управи и начинот на транспорт на поштата, се известуваат корисниците да имаат разбирање при евентуално доцнење во преносот, испораката и доставата на пратките.