Известување за прием и пренос на поштенски пратки во меѓународен поштенски сообраќај до корисниците на А.Д„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје

Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници дека во услови на актуелната состојба со коронавирусот, секојдневно прави напори за воспоставување на размена на пратки со повеќе земји во меѓународниот поштенски сообраќај.

А.Д„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје информира дека со оглед на затвореноста на аеродромот во Скопје, размената на пошта ќе се извршува по сувоземен односно површински пат и тоа со следните земји:

  • Австрија;
  • Албанија;
  • Босна и Херцеговина
  • Бугарија;
  • Германија;
  • Грција;
  • Италија;
  • Косово;
  • Молдавија;
  • Романија;
  • Словенија;
  • Србија;
  • Украина;
  • Хрватска,
  • Црна Гора.

Напомена: Р. Турција е тргната од списокот на земји за кои се примаат поштенски пратки, од причина што Поштенската управа на Бугарија не прифаќа пратки во транзит за земји кои не се членки на ЕУ.

A.Д „Пошта на Северна Македонија“– Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во  Република Северна Македонија се доставуваат до крајните корисници односно примачи.

Со оглед на работењето во вонредни околности со намалени капацитети во сите поштенски управи и начинот на транспорт на поштата, се известуваат