Примената на систем за посебно сметководство и алокација на трошоците ќе има значителен бенефит и за Агенцијата за пошти како регулаторно тело и за давателот на универзалната услуга

Примената на систем за посебно сметководство и алокација на трошоците ќе има значителен бенефит и за Агенцијата за пошти како регулаторно тело и за давателот на универзалната услуга – истакна директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска.

Од регулаторен аспект, имплементирањето на овој систем е исклучително значајно во насока на развивање и унапредување на регулативата, аргументирано потврдување на неправедниот финансиски товар, како и цените на услугите во рамките на универзалната услуга, врз основа на детални, прецизни и реални податоци на реализираните приходи и расходи на давателот на универзалната услуга. Сето тоа, потенцира Аврамоска Ѓореска ќе води  кон поуспешна и поквалитетна реализација на најзначајните надлежности на регуларотот, како регулација на цените на универзалната услуга и промовирање на конкуренција и развој на поштенскиот пазар. 

Со имплементирање на овој систем давателот на универзалната услуга ќе располага со податоци за остварениот финансиски резултат и реализираните трошоци и приходи во секој сегмент од неговиот комплексен процес, инфраструктура и портфолио на услуги, што е основа за успешно менаџирање и донесување на краткорочни како и долгорочни стратешки одлуки.

Целиот текст на следниот линк

https://mia.mk/nacionalnata-poshta-podgotvuva-nov-sistem-za-posebno-smetkovodstvo-i-alokaci-a-na-troshoci/