Светски ден на поштата

WDP

Светскиот ден на поштата се празнува секоја година на 9 октомври. Тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн. Целта на Светскиот ден на поштата е да ја подигне јавната свест за улогата на поштенскиот сектор во секојдневниот живот на луѓето и бизнисите и неговиот придонес за општествениот и економски развој на земјите.

            Оваа година, Светскиот поштенски сојуз одлучи да го прослави настанот на виртуелен начин. Темата за оваа година е ,,Иновирај за закрепнување” (Innovate to recover), која им оддава почит на поштите за  начинот на адаптација и креативноста кои ги покажаа за време на пандемијата.

            Дел од агендата за овој настан е и доделувањето на наградите за 50-тиот Меѓународен конкурс за пишување писмо на кој второ место освои Бруно Ивановски од Република Северна Македонија. Покрај тоа, ќе се додели признание за вработените на ,,Poste Italiane” кои ја спречија доставата на писмо адресирано до Папата Франциск кое содржело куршуми, а ќе се доделат и награди за Интегрираниот индекс на Светскиот поштенски сојуз за поштенскиот развој.

Приклучете се на следниот линк на 8ми октомври во 10:00 часот за да го следите настанот и заедно да го прославиме Светскиот ден на поштата https://tv.upu.int/

 

Преземено од  https://www.upu.int/en/Events/World-Post-Day-2021 .