Известување до корисниците на АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје:Повторно воспоставена услугата прием и испраќање на мали пакети и препорачани пратки за САД

Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници дека од среда 15.03.2023 година, повторно започнува со прием и испраќање на мали пакети и препорачани пратки до 2 кг. кои содржат предмети/стока за Соединетите Американски Држави.

За навремено пристигнување на вашите пратки во одредишните земји ширум светот, потсетиме на обврската за точно и прецизно пополнување на царинска декларација образец CN 22/23. (Начинот на пополнување е даден на веб страна на АД „Пошта на Северна Македонија“).

Напоменуваме дека, авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки, сé уште вршат промени на летовите на дневна или неделна основа, па со оглед на тоа очекувани се задоцнувања во транспортот.