Е-Билтен

Меѓународен конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз

04.05.2015
Меѓународен конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз
Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност до сите учесници кои испратија писма на Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз на тема „Напиши писмо за тоа во каков свет сакаш да пораснеш“. Жири комисијата го избра најдоброто писмо кое ќе ја претставува Република Македонија на овој традиционален меѓународен конкурс. Покрај првонаграденото писмо, Агенцијата наградува уште 2 и одлучи да пофали 4 писма.

Светски ден на поштата

08.10.2018
Светски ден на поштата 2018

Светскиот ден на поштата се празнува секоја година на 9 октомври, тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн. Целта на Светскиот ден на поштата е да ја подигне јавната свест за улогата на поштенскиот сектор во секојдневниот живот на луѓето и бизнисите и неговиот придонес за општествениот и економски развој на земјите.

Резултати од меѓународниот конкурс за пишување писмо

25.10.2016
Резултати од меѓународниот конкурс за пишување писмо

Светскиот поштенски сојуз ги објави резултатите од овогодишниот меѓународен конкурс за пишување писмо. Победник е 15-годишната Nguyen Thi Thu Trang од Виетнам, чие писмо ги победи останатите 980.000 учесници.

Како добитник на златен медал, истиот и беше доделен на Транг во Истанбул, Турција, за време на завршната церемонија на 26-иот Светски поштенски конгрес на 7 октомври.

Директорот на Светскиот поштенски сојуз, Бишар А. Хусеин изјави дека е пресреќен што децата сè уште ја ценат моќта на пишаниот збор во дигиталното општество. 

Меѓународен конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз

06.05.2016
Меѓународен конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз
Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност до сите учесници кои испратија писма на Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз на тема „Напиши писмо до самиот себе на 45-годишна возраст“. Жири комисијата го избра најдоброто писмо кое ќе ја претставува Република Македонија на овој традиционален меѓународен конкурс. Покрај првонаграденото писмо, Агенцијата одлучи да пофали уште 5 писма.

Меѓународен конкурс за пишување писмо 2016

16.03.2016
Меѓународен конкурс за пишување писмо 2016
Агенцијата за пошти на Република Македонија и оваа пролет продолжува со благородната кампања за негување на традицијата за пишување писма и за поттикнување на писмовната комуникација и на јазичната префинетост кај младите. Конкурсот за пишување писмо е отворен за млади луѓе од 9 до 15- годишна возраст и ќе трае од 15-ти март до 15-ти април 2016 година. Текстовите треба се напишани со своерачен ракопис и во форма на писмо да се испратат на адресата: Агенција за пошти, П. Фах 160, 1000 Скопје. Писмата не треба да содржат повеќе од 800 зборови.

Новогодишно изненадување

29.12.2015
Новогодишно изненадување

Агенцијата за пошти и Театарот за деца и младинци на децата од Детскиот дом „11-Октомври“ им приредија забава по повод Новогодишните и Божиќни празници.  Во театарот беше одиграна претставата „Лакомата меца“ во изведба на актерите Ана Левајковиќ Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска и Владимир Лазовски.  По завршувањето на едукативната претставата децата беа изненадени од Дедо Мраз кој ги израдува и им подели новогодишни пакетчиња.

Ден на дрвото

07.12.2015
Ден на дрвото

Во пресрет на 16-та Есенска акција „Денот на дрвото-засади ја својата иднина“, Агенцијата за пошти заедно со дипломатскиот кор во Македонија, учествуваше во садувањето на млади садници во општина Петровец, во кругот на Јавното претпријатие „Јасен”.