Политика на квалитет

Политика на квалитет

Имплементацијата на  системот за менаџмент со квалитет согласно стандардот ISO 9001:2015, за Агенцијата за пошти ќе значи примена во принципите за квалитет во сите сегменти од нејзиното работењето. Првата фаза од имплементацијата на стандардот за квалитет е завршена, во декември 2021 година. Следува втората фаза, која ќе значи проверка од страна на овластенo сертификационо тело и добивање на ISO 9001:2015 сертификат.

Во согласност со определбата за постојано подобрување на квалитетот на работните процеси, директорката во соработка со Стручната служба и Комисијата на Агенцијата  ја дефинира Политиката за квалитет на Агенцијата, која ги содржи:

q Целта на институцијата, и
q Основни постулати за остварување на мисијата и визијата на институцијата како и и  постојано подобрување на Системот за управување со квалитет.