Известување

Поради натписите кои се појавија во дел од електронските медиуми, а во врска со информацијата дека вработените од Македонска пошта се испратени на принуден одмор, сакаме да ги информираме корисниците дека во ниту еден момент не е доведено во прашање работењето на поштенскиот сообраќај во државата. Сите подружници на Македонска пошта и единиците на поштенска мрежа редовно и навремено и покрај ниските температури ги извршуваат своите обврски.

Менаџментот на АД „Македонска пошта“ како што води грижа за своите корисници исто така води грижа и за своите вработени, и во рамките на можностите ги почитува јавно изнесените препораки од Управувачкиот комитет за кризи.

Известувањето е превземено од веб страната на АД „Македонска пошта“

Печати Е-пошта

Јавна седница 11

Единаесеттата јавна седница на Агенцијата за пошти се одржa на 26.12.2016 година во хотел Holiday Inn, во Дневната сала.

Сите заинтересирани страни се информираа и запознаа со превземените активности на Агенцијата за пошти во годината што изминува.

Седницата го имаше следниот дневен ред:
1. Состојбата и трендовите на поштенскиот пазар во Република Македонија за 2015 и 2016 година,
2. Истражување за задоволството на корисниците од услугите на давателот на универзална услуга.

Печати Е-пошта

Меѓународен конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз

Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност до сите учесници кои испратија писма на Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз на тема „Напиши писмо до самиот себе на 45-годишна возраст“.

Жири комисијата го избра најдоброто писмо кое ќе ја претставува Република Македонија на овој традиционален меѓународен конкурс. Покрај првонаграденото писмо, Агенцијата одлучи да пофали уште 5 писма.

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ ГИ ОБЈАВУВА ДОБИТНИКОТ НА НАГРАДАТА И ПОФАЛЕНИТЕ НА КОНКУРСОТ:

  1. Марија Додовска - VIII/1 одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Пофалени писма:

  • Јана Петрова - IX б одделение во ОУ „Вера Циривири Трена“- Скопје
  • Сара Стојановска - IX б одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“- Македонска Каменица
  • Нита Јакупи - VII 7 одделение во ОУ „Единство“- Гостивар
  • Елма Незири - VII 7 одделение во ОУ „Единство“- Гостивар
  • Флориана Алиу - IX 4 одделение во ОУ „Наум Фрашери“- Кичево

Победничкото писмо што беше пратено на меѓународниот конкурс може да го видите тукаpdf.

Печати Е-пошта

Повеќе артикли...