Почетна

49-тата Пленарна седница на CERP (Европски Комитет за поштенска регулација)

Агенцијата за пошти ја имаше честа да биде домаќин на 49-тата Пленарна седница на CERP (Европски Комитет за поштенска регулација) која се одржа на 29 и 30 мај 2014 година во Скопје, Република Македонија. 

На 49-тата Пленарна седница на CERP учествуваа претставници од триесет земји, членки на CEPT (Конференција за пошти и телекомуникации). Воедно на Пленарната седница присуствуваа и претставници од: Европска Комисија, Светски Поштенски Сојуз, Федерална Агенција за интерактивен директен маркетинг, EMOTA, PostEurop.

За време на Пленарната седница беа разгледувани и усвоени годишните извештаи за работењето и активностите на работните групи во рамките на CERP. Воедно, беа презентирани и постојните активности во рамките на европската поштенска регулатива и  на Светскиот поштенски сојуз.

Како главна тема на Пленарната седница беше избор на ново CERP претседателство и избор на нови претседатели на работните групи во рамките на CERP.

Печати Е-пошта