Почетна

Новогодишна хуманитарна акција на Агенцијата за пошти

„СЛАТКА“ ЗАБАВА ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ

На 26.12.2014 година, во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, по повод претстојните новогодишни и божикни празаници, директорот на Агенцијата за пошти, Влатко Атанасоски, заедно со вработените во Агенцијата им приредија „слатка“ забава на децата од оваа установа за социјална заштита.

Во улогата на Дедо Мраз се појави познатиот хит-мејкер, шармантниот пеач на забавна музика Влатко Илиевски, кој со песна им посака убави желби во новата година и секако на сите деца им подели новогодишни пакетчиња од асортиманот на „Витаминка“ од Прилеп.

Со оваа активност Агенцијата за пошти на децата без родители, во предновогодишен амбиент, им обрна внимание и им создаде позитивна атмосфера на верба, љубов и разбирање.

Печати Е-пошта