Агенцијата за пошти ја поддржува Европската недела на мобилност!

Напишано на .

 

Европската недела на мобилност е најшироко распространета кампања за одржлива мобилност во светот. Се случува секоја година од 16 до 22 септември. Целта на кампањата е да се охрабрат европските локални власти да воведат и промовираат мерки за одржлив транспорт и да ги поканат граѓаните да пробаат да користат алтернативен превоз наместо автомобилот.

Знаеме дека најголемото загадување на нашиот главен град е од издувните гасови на автомобилите. Агенцијата за пошти ќе се труди да даде придонес во креирањето на  повеќе велосипедски патеки и обележување  на простор за велосипедисти на сообраќајниците, како и за создавање Зелена зона која предвидува забрана за движење на автомобили низ централното градско подрачје. Во наредниот период планирани се повеќе проекти кои би ги стимулирале давателите на поштенски услуги да користат еко-пријателски возила при достава на пратките во урбаните средини.

Агенцијата оваа година ќе и даде поддршка на  европската манифестација која ќе се одржува под слоганот „Нашите улици, наш избор“ и  ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во одбележувањето на манифестацијата и да придонесат во успешноста на истата.

Печати