Почетна

ОДРЖАНА ОБУКА ЗА ДОСТАВАТА НА ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ КОИ ГИ ИСПРАЌААТ НОТАРИТЕ

Во организација на Нотарската комора на РМ, поддржана од Агенцијата за пошти, во  x. Континентал, во Скопје, на 11.06.2014 год. се одржа обука на тема “ Достава на решенија за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа во согласност со член 137 од ЗПП”.

На оваа прва обука од ваков тип, присуствуваа претставници од дванаесет даватели на поштенски услуги кои работат во овој поштенски сегмент на достава, нотари и членови на управниот одбор на Нотарската комора на Република Македонија.

Обуката се одвиваше според посебно дизајнирана програма, а ја одржаа референтни излагачи, проф. д-р Арсен Јаневски, од Правниот факултет Јустинијан Први Скопје, г-ѓа Ирена Костадинова –Ангелова, судија и раководител на оддел за платни налози во Основниот суд Скопје 2 Скопје и г-ѓа Олга Манчевска, раководител на Секторот за правни работи во Агенцијата за пошти.

 

Настанот го отвори и го модерираше претседателката на Нотарската комора на РМ г-ѓа Зорица Пулејкова, која за во продолжение на соработката помеѓу Агенцијата за пошти и Нотарската комора на РМ, воспоставена на почетокот на оваа 2014 година, најави и нови обуки и други активности,  со крајна цел подобрување на квалитетот на поштенските услуги кои поштенските компании ги вршат за потребите на нотарите во Република Македонија.

Печати Е-пошта

Додади коментар


Security code
Нов код