Резултати од меѓународниот конкурс за пишување писмо

Светскиот поштенски сојуз ги објави резултатите од овогодишниот меѓународен конкурс за пишување писмо. Победник е 15-годишната Nguyen Thi Thu Trang од Виетнам, чие писмо ги победи останатите 980.000 учесници.

Како добитник на златен медал, истиот и беше доделен на Транг во Истанбул, Турција, за време на завршната церемонија на 26-иот Светски поштенски конгрес на 7 октомври.

Директорот на Светскиот поштенски сојуз, Бишар А. Хусеин изјави дека е пресреќен што децата сè уште ја ценат моќта на пишаниот збор во дигиталното општество. 

Меѓународното жири, исто така, додели и сребрен медал на Ивана Илијан Јанева, 15-годишно девојче од Бугарија, а бронзениот медал на Даша Бахор, 14-годишно девојче од Словенија.

Агенцијата за пошти, со особено задоволство и чест, известува дека победникот од Македонија, 14-годишната Марија Додовска, за своето писмо на овој конкурс, доби Пофалница од Светскиот поштенски сојуз, заедно со уште девет учесници од целиот свет.

Печати Е-пошта

Додади коментар


Security code
Нов код