Јавниот увид во поштенските адреси е упад во приватноста

Јавниот увид во поштенските адреси на граѓаните запишани во Избирачкиот список што беше возможен преку веб страната на Државната изборна комисија (ДИК) е упад во приватноста и нарушување на неприкосновеното граѓанско право гарантирано со Уставот, рече денеска директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски.

преземено од МИА

Печати Е-пошта

Меѓународен конкурс за пишување писмо 2016

Агенцијата за пошти на Република Македонија и оваа пролет продолжува со благородната кампања за негување на традицијата за пишување писма и за поттикнување на писмовната комуникација и на јазичната префинетост кај младите.

Конкурсот за пишување писмо е отворен за млади луѓе од 9 до 15- годишна возраст и ќе трае од 15-ти март до 15-ти април 2016 година. Текстовите треба се напишани со своерачен ракопис и во форма на писмо да се испратат на адресата: Агенција за пошти, П. Фах 160, 1000 Скопје. Писмата не треба да содржат повеќе од 800 зборови.

Агенцијата ќе додели, на предлог на посебна жири-комисија, три награди за најдобрите три писма, а авторот на најдоброто ќе биде награден со летување, како и ќе ја има привилегијата да учествува на Меѓународниот конкурс за пишување писмо организиран од Светскиот поштенски сојуз.

Темата која е одбрана за натпреварот во 2016 година е „Напиши писмо до самиот себе на 45-годишна возраст“. Овој наслов е избран да ја одбележи 45-тата годишнина од интернационалниот натпревар. Децата насекаде низ светот се топло охрабрени да ја поттикнат својата имагинација и да напишат писмо до самите себеси.

Печати Е-пошта

Новогодишно изненадување

Агенцијата за пошти и Театарот за деца и младинци на децата од Детскиот дом „11-Октомври“ им приредија забава по повод Новогодишните и Божиќни празници.  Во театарот беше одиграна претставата „Лакомата меца“ во изведба на актерите Ана Левајковиќ Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска и Владимир Лазовски.  По завршувањето на едукативната претставата децата беа изненадени од Дедо Мраз кој ги израдува и им подели новогодишни пакетчиња.

 

Печати Е-пошта