Втора седница на Административниот и поштенскиот оперативен совет на Светскиот поштенски сојуз

Одржана втора седница на Административниот и поштенскиот оперативен совет на Светскиот поштенски сојуз
Во периодот од 21 октомври до 15 ноември 2013 година во Берн, Швајцарија се одржа Втората годишна седница на Административниот совет (CA) и Поштенскиот оперативен совет (POC) на Светскиот поштенски сојуз (UPU).

На седниците учествуваа земјите членки на UPU во својство на членки и посматрачи на CA и на POC. На овој настан учество зеде и претставник од Агенцијата за пошти на Република Македонија.
Во рамките на седницата на CA претставникот на Агенцијата учествуваше во работата на надлежностите на Комисијата 1 во областа на регулативни активности поврзана со реформите на UPU, дополненија и измени на актите на UPU, и на останати теми од областа на меѓународната поштенска регулатива, како и во работата на надлежностите на Комисијата 2 од областа на финансирањето на активностите на UPU.
На 14 и 15 ноември се одржа Пленарна седница на CA на кои се усвоија одлуките и извештаите поднесени од комисиите.

Печати Е-пошта

Престанува да важи Стандардната дозвола на ДППУ Жијани Торпедо ДООЕЛ Прилеп

Оваа година истекуваат дозволите издадени според стариот Закон за поштенските услуги на 3 поштенски оператори, кои веќе немаат интерес да работат во поштенскиот сектор. На 31.05.2013 Бајк Експрес Диливери ДООЕЛ Скопје, давател на поштенски сулуги кој работеше во локални рамки, на доставно подрачје на град Скопје, престана да врши поштенска дејност. На крајот на месец ноември престанува да важи Стандардната дозвола на ДППУ Жијани Торпедо ДООЕЛ Прилеп

По овој датум Жијани Торпедо го губи статусот на давател на поштенски услуги во внатрешен и меѓународен сообраќај и не смее да врши поштенски услуги. На крајот на годината на 31.12.2013 истекува важењето на дозволата и на Сторм МАКС ДООЕЛ Скопје, поштенски оператор од помало локално значење.

Печати Е-пошта

TAIEX ПРОЕКТ

TAIEX ПРОЕКТ ЗА ДЕФИНИРАЊЕ НА КРИТЕРИУМИ ЗА ТОЧКИТЕ ЗА ПРИСТАП ДО УНИВЕРЗАЛНАТА УСЛУГА СО ИЗГОТВУВАЊЕ НА МЕТОДОЛОГИЈА И СИСТЕМ ЗА МОНИТОРИНГ

Како резултат на планските активности на Агенцијата за пошти во периодот од 26 до 30 август 2013 год. во Скопје се реализираше TAIEX проектот ETT IND/EXP 51082 на тема  „ Дефинирање на критериуми за пристап до универзалната услуга со развој на методологија и систем за мониторинг“.

Реализацијата на проектот е во рамките на TAIEX програмата за  предпристапна поддршка на Европската комисија за земјите кандидати за влез во Европската унија.

Проектот се реализираше во форма на експертска мисија на експерти од Европската комисија со цел за усогласување на националните поштенски легислативи со легислативите и препораките на Европската комисија и користење на најдобри практики од областа на поштенските услуги од земјите на Европската унија.

По препорака на Агенцијата за пошти во проектот како експерт делегиран од страна на Европската комисија од областа на пристапот до универзалната услуга учествуваше г-динот   Tobias Katzschmann, Раководител на секторот за меѓународна соработка во германскиот регулатор.

Печати Е-пошта

Одржана втора регионална конференција на тема Електронска трговија и поштенските услуги

На 5 и 6 јуни 2013 год. во Арангеловац, Република Србија се одржа втората регионална конференција на тема „ Електронска трговија и поштенски услуги“. Конференцијата се одржа под организација на Републичката агенција за поштенски услуги на Србија под покровителство на Министерството за меѓународна и внатрешна трговија и телекомуникации и Министерството за финансии и економија на Република Србија.

Печати Е-пошта

Повеќе артикли...