Новогодишна хуманитарна акција на Агенцијата за пошти

„СЛАТКА“ ЗАБАВА ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ

На 26.12.2014 година, во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, по повод претстојните новогодишни и божикни празаници, директорот на Агенцијата за пошти, Влатко Атанасоски, заедно со вработените во Агенцијата им приредија „слатка“ забава на децата од оваа установа за социјална заштита.

Во улогата на Дедо Мраз се појави познатиот хит-мејкер, шармантниот пеач на забавна музика Влатко Илиевски, кој со песна им посака убави желби во новата година и секако на сите деца им подели новогодишни пакетчиња од асортиманот на „Витаминка“ од Прилеп.

Со оваа активност Агенцијата за пошти на децата без родители, во предновогодишен амбиент, им обрна внимание и им создаде позитивна атмосфера на верба, љубов и разбирање.

Печати Е-пошта

Хуманитарна аукција

Во организација на Агенцијата за пошти, на 26.12.2014 година, во кафе-бар „Форца“ за прв пат се одржа донаторска аукција на уметнички и литературни дела. Оваа манифестација беше од хуманитарен карактер.

Средствата кои беа собрани ќе бидат донирани на Здружението за цистична фиброза.
Предмет на аукцијата беа уметнички дела донирани од авторите Сергеј Дамовски, Стефан Хаџи-Николов, Данчо Ордев, Живко Поповски Цветин, Мајкл Клос, потоа уникатни спортски реквизити со автограм од играчите на ракометниот клуб Вардар, личен предмет од музичарот Влатко Стефаноски и други предмети со посебно значење.

Водител на хуманитарната аукција беше ТВ презентерот Огнен Јанески, а музички гости беа 4 Strings.

Печати Е-пошта

Деветта јавна седница

Деветтата јавна седница на Агенцијата за пошти се одржа на 24.12.2014 година во хотел Holiday Inn, во дневната сала.

По принципот на своето транспарентно работење, оваа седница  им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзините превземени активности и идни планови.

Седницата го имаше следниот ДНЕВЕН РЕД:

  1. Трендови на поштенскиот пазар во Република Македонија за 2014 година.
  2. Преглед на работата на Агенцијата за пошти во 2014 година.

Печати Е-пошта