49-тата Пленарна седница на CERP (Европски Комитет за поштенска регулација)

Агенцијата за пошти ја имаше честа да биде домаќин на 49-тата Пленарна седница на CERP (Европски Комитет за поштенска регулација) која се одржа на 29 и 30 мај 2014 година во Скопје, Република Македонија. 

На 49-тата Пленарна седница на CERP учествуваа претставници од триесет земји, членки на CEPT (Конференција за пошти и телекомуникации). Воедно на Пленарната седница присуствуваа и претставници од: Европска Комисија, Светски Поштенски Сојуз, Федерална Агенција за интерактивен директен маркетинг, EMOTA, PostEurop.

За време на Пленарната седница беа разгледувани и усвоени годишните извештаи за работењето и активностите на работните групи во рамките на CERP. Воедно, беа презентирани и постојните активности во рамките на европската поштенска регулатива и  на Светскиот поштенски сојуз.

Како главна тема на Пленарната седница беше избор на ново CERP претседателство и избор на нови претседатели на работните групи во рамките на CERP.

Печати Е-пошта

Официјалното доделување на наградите

 

Официјалното доделување на наградите на наградниот конкурс „НАПИШИ ПИСМО СО РАКОПИС НА СРЦЕТО“ се одржа на 23 мај (петок) во дворот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“,

 

Овој настан го водеа актерите Снежана Конеска-Руси и Томе Витанов. Наградите ги доделија писателите Венко Андоновски, Стојан Тарапуза, Горјан Петрески, уредничката на Колибри, г-ѓа Марија Таушанска и директорот на Агенцијата за пошти, г-дин Влатко Атанасоски. Музички гости на настанот беа Сара Мејс и Влатко Илиевски.

Ученици од повеќе основи училишта од Скопје учествуваа во мини-креативни работилници со свои ликовни творби.

Првонаградените писма во трите категории може да ги видите тука: Категорија 1, Категорија 2, Категорија 3

Печати Е-пошта

Добитниците на наградите и пофалените по конкурсот за најдобро писмо

Организаторот на овој конкурс, Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност
до сите учесници кои испратија свои писма. Во трите категории пристигнаа вкупно 725 писма.
Седум члената жири комисија имаше навистина тешка задача да одбере по 3 писма во секоја категорија,
кои ќе добијат парични награди, затоа одлучи дополнително да пофали 26 учесници.

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ ГИ ОБЈАВУВА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ И ПОФАЛЕНИТЕ ПО КОНКУРСОТ ЗА НАЈДОБРО ПИСМО
„НАПИШИ ПИСМО СО РАКОПИС НА СРЦЕТО“

I категорија –  за деца до 12 годишна возраст:
  Прво место - Мартина Муневска - Скопје
  Второ место - Моника Јанческа - с.Мешеишта
  Трето место - Сања Георгиева - Штип

Пофалени: Ивана Илиевска - Прилеп, Сара Станковска -К.Паланка,Стефан Гавриловски - Гостивар,
Стефани Колева - Штип,Леонида Лумбуровска - Битола, Кристина Божиновска - с.Бардовци,
Тамара Костова - Битола, Јовица Петров - Штип

 

II категотија – за млади до 18 годишна возраст:
  Прво место - Анастас Димоски - Крушево
  Второ место - Кристијан Карамфиловски-Гевгелија
  Трето место - Султана Јовановска - с.Штука, Струмица
Пофалени: Александар Мукароски - Штип, Ања Црнец
- Битола, Марија Цветкова - С.Николе, Александар
Саздов- Велес, Сара Манчевска- Скопје, Марија
Маркоска - Прилеп, Ванеса Ѓоргова- Штип, Озган
Сулејманоски-Прилеп, Енсара Зендели- Скопје,
Драга Крстевска-Кавадарци

 

III категотија  – за возрасни над 18 години:
  Прво место - Андонова Марија- Скопје
  Второ место - Александар Димитров- Кочани
  Трето место - Ана Тодоровска- Скопје

Пофалени: Тодороски Зоран- Охрид, Маја Трајковска
-Скопје, Катерина Георгиева- Скопје, Оливера
Божиновска- Скопје, Јоана Шишкова - Скопје
Биљана Ивановска- Куманово, Елонора Христовска
-Скопје, Боби Гидиоски - Штип


Организаторот ќе ги контактира наградените и пофалените

Печати Е-пошта