Билатерална средба со претставници од Републичката агенција за поштенски услуги на Р. Србија

На 29 и 30 јануари 2014 во просториите на Агенцијата за пошти се одржa билатерална средба помеѓу претставници од Републичката агенција за поштенски услуги на Р. Србија и Агенцијата за пошти. Целта на билатералната средба e проширување на меѓусебните односи и размена на искуства во областа на регулацијата на поштенскиот сообраќај во двете земји како и перспективите со можни бариери за понатамошен развој на поштенските услуги на Европскиот и Светскиот пазар.

Како резултат на досегашните добри меѓусебни односи, а во насока на понатамошно проширување на соработката, главен настан на билатералната средба беше потпишувањето на Меморандум за меѓусебно разбирање  во областа на регулацијата на поштенските услуги.

Печати Е-пошта

Иницијатива за ослободување на интернет-шопинг до 150 евра од царина

Агенцијата за пошти поднесе иницијатива за тројно зголемување на сумата до која нарачаните предмети од странство се ослободени од царина. Во моментов за пратките со вкупна вредност до 45 евра, во која се вклучени и транспортните трошоци, не се плаќа царина. Доколку се усвои иницијативата, од царина ќе бидат ослободени пратките со вкупна вредност до 150 евра.

Целиот текст може да го видите на веб страната на Дневник

Печати Е-пошта

ГОРАН ПАНДЕВ и АП во зедничка кампања „СПОДЕЛИ КОПНЕЖ, ПОДАРИ РАДОСТ“

Ни претставува особено задоволство да Ве информираме дека кампањата во рамките на активностите на Агенцијата за пошти за промоција на поштенските услуги и филателијата во Македонија беше поддржана од нашиот светски познат фудбалски мајстор, напаѓачот на фудбалскиот клуб Наполи, денес и официјално стартува под име: СПОДЕЛИ КОПНЕЖ, ПОДАРИ РАДОСТ.
Во рамките на кампањата, сите граѓани на Република Македонија, но и фановите од целиот свет ќе имаат можност со назнака „За кампањата СПОДЕЛИ КОПНЕЖ, ПОДАРИ РАДОСТ“ на адресата Агенција за пошти, П.Фах 164, 1000 Скопје, на поштенски картички да ги испратат своите честитки, желби, но и лични пораки до Горан Пандев.

 Кампањата ќе трае до исполнувањето на квотата од 5000 примени поштенски картички. Испраќачот на 5000-та картичка ќе стане добитник на оригинален фудбалски дрес на ФК Наполи со автентичен потпис од Горан Пандев. Со завршувањето на кампањата Горан Пандев ќе донира комплетна фудбалска опрема и фудбалски топки за учениците во основните училишта во Струмица, додека Агенцијата за пошти ќе го награди испраќачот на највпечатливата порака која ќе биде избрана од страна на стручно жири и од нашите следбеници на Facebook кои ќе имаат право со своите гласови да ја избираат највпечатливата порака на неделата во текот на траењето на кампањата.

Фудбалска топка со автограм на Пандев ќе добие и испраќачот чија порака ќе му остави најсилен впечаток лично на Пандев.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во оваа добротворна кампања, тоа можат да го направат преку испраќање на поштенски картички со своите пораки до Пандев: ПОШТЕНСКИ ФАХ 164, 1000 Скопје со назнака „СПОДЕЛИ КОПНЕЖ, ПОДАРИ РАДОСТ“, наведувајќи свое име и презиме и точна поштенска адреса.

Печати Е-пошта