Осма јавна седница на Агенцијата за пошти

Агенцијата за пошти ја одржа својата Осма јавна седница на 20.12.2013 година (петок) во хотелот Best Western –Хотел Турист , сала Амбасадор.

Седницата го имаше следниот ДНЕВЕН РЕД :

  1. Рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти за 2013 година.
  2. Пет години регулиран поштенски пазар во Република Македонија.

Презентациите од седницата може да се превземат тука и тука 

Печати Е-пошта

Натпревар на UPU во пишување писмо

  Чешкиот победник на натпреварот на UPU во пишување писмо беше во Берн во петокот за да го прими златниот медал на церемонија која се одржа во централата на Светскиот поштенски сојуз.
Даниел Коркак од Острава им прочита извадоци од неговото писмо за тоа зошто водата е скапоцена на делегатите од земјите членки на UPU кои присуствуваа на Административниот совет.
 

Печати Е-пошта

Втора седница на Административниот и поштенскиот оперативен совет на Светскиот поштенски сојуз

Одржана втора седница на Административниот и поштенскиот оперативен совет на Светскиот поштенски сојуз
Во периодот од 21 октомври до 15 ноември 2013 година во Берн, Швајцарија се одржа Втората годишна седница на Административниот совет (CA) и Поштенскиот оперативен совет (POC) на Светскиот поштенски сојуз (UPU).

На седниците учествуваа земјите членки на UPU во својство на членки и посматрачи на CA и на POC. На овој настан учество зеде и претставник од Агенцијата за пошти на Република Македонија.
Во рамките на седницата на CA претставникот на Агенцијата учествуваше во работата на надлежностите на Комисијата 1 во областа на регулативни активности поврзана со реформите на UPU, дополненија и измени на актите на UPU, и на останати теми од областа на меѓународната поштенска регулатива, како и во работата на надлежностите на Комисијата 2 од областа на финансирањето на активностите на UPU.
На 14 и 15 ноември се одржа Пленарна седница на CA на кои се усвоија одлуките и извештаите поднесени од комисиите.

Печати Е-пошта