Хуманитарна акција - Збор за надеж

Со цел да им се помогне на граѓаните кои беа погодени од поплавите и поројните врнежи од дожд кои беа најинтензивни во месецот февруари оваа година, да им се подаде рака кога најмногу им е потребно, Агенцијата за пошти во соработка со АД „Македонска пошта“покрена иницијатива за хуманитарна акција „Збор за надеж “ за помош на луѓето од поплавените подрачја.

Главна активност е испраќањето на картички со пораки за поддршка на нашите сограѓани кои беа погодени од невремето. Илустрацијата за пригодната картичка ја направи данскиот уметник Peter Hermann.

Сите заинтересирани кои се хумани и сакаат да помогнат, ќе имаат можност во ракопис да напишат пораки со поддршка и да ги испратат по пошта.

Агенцијата за пошти го постави својот хуманитарен пулт во Градскиот Трговски Центар, од каде сите граѓани ќе можат бесплатно да земат картички и на нив да напишат хумана порака.

Печати Е-пошта

UPU - Регионална конференција

Поддршка на земјите од Европа и земјите од Централна Источна и Југоисточна Европа во реформите во поштенскиот сектор и развојните процеси преку методологијата на Светскиот поштенски сојуз

На 24 и 25 мај 2015 год. Агенцијата за пошти беше домаќин на Регионална конференција на Светскиот поштенски сојуз (UPU) и PostEurop. Тема на дводневната конференција беше   „Поддршка на земјите од Европа и земјите од Централна Источна и Југоисточна Европа во реформите во поштенскиот сектор и развојните процеси преку методологијата на Светскиот поштенски сојуз“.

На Регионалната конференција зедоа учествуваат претставници од: Светски поштенски сојуз (UPU), PostEurop, Европскиот комитет на поштенски регулации (CERP), како и претставници од шест земји во регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Турција, Хрватска и Македонија.

Печати Е-пошта

Хуманитарна акција - Збор за надеж

Напишете зборови за надеж и донирајте за поплавените области во Македонија.

Испратете ги вашите пораки на адреса:

Агенција за пошти
П.Фах 164 1000 Скопје

Со секоја испратена картичка донирате 18 денари. Картичките може да се најдат во сите подружници на Македонска пошта.

Поддржано од Агенција за пошти и Македонска пошта. Повеќе информации може да видите на: www.word4hope.ap.mk

Печати Е-пошта

Агенцијата за пошти ја поддржува Европската недела на мобилност!

 

Европската недела на мобилност е најшироко распространета кампања за одржлива мобилност во светот. Се случува секоја година од 16 до 22 септември. Целта на кампањата е да се охрабрат европските локални власти да воведат и промовираат мерки за одржлив транспорт и да ги поканат граѓаните да пробаат да користат алтернативен превоз наместо автомобилот.

Знаеме дека најголемото загадување на нашиот главен град е од издувните гасови на автомобилите. Агенцијата за пошти ќе се труди да даде придонес во креирањето на  повеќе велосипедски патеки и обележување  на простор за велосипедисти на сообраќајниците, како и за создавање Зелена зона која предвидува забрана за движење на автомобили низ централното градско подрачје. Во наредниот период планирани се повеќе проекти кои би ги стимулирале давателите на поштенски услуги да користат еко-пријателски возила при достава на пратките во урбаните средини.

Печати Е-пошта

Повеќе артикли...