Сив поштенски пазар во Република Македонија

Напишано на .


На 10 ноември 2011 година Агенцијата за пошти во Хотел Холидеј Ин – Сала Скала1 во Скопје, со почеток во 11:00 часот одржа прес-конференција на тема ,,Сив поштенски пазар во Република Македонија“.

Конференцијата имаше за цел да ја информира стручната и пошироката јавност за резултатите и заклучоците од спроведеното истражување на Нелегалниот поштенски пазар во Република Македонија и да ја актуелизира опасноста од оваа незаконска појава.

Според истражувањето кое беше спроведено за потребите на Агенцијата за пошти од страна на Центарот за развој на демократијата,  над 4.200.000 ЕВРА годишно, се вртат во сивиот „поштенски сообраќај“ што го вршат автобуските превозници, на кои законот им дозволува да вршат превоз на патници исклучиво со нивниот личен багаж.

Прес-конференцијата на Агенцијата за пошти е одлична можност, на еден транспарентен начин јавно и отворено да се проговори за овој проблем.

Презентацијата од прес-конференцијата може да се превземе тукаpdf

Обраќањето на директорот може да се превземе тукаpdf

Слики од настанот може да се видат тукаsliki.

Печати