Информација за четиринаесеттата јавна седница на АП

Информација за четиринаесеттата јавна седница на АП

На 20 декември 2019 година, во хотелот Холидеј Ин, Агенцијата за пошти ја одржа својата Четиринаесеттата Јавна седница и воедно ја промовираше кампањата „Твојата пратка во безбедно сандаче".

Согласно принципот на транспарентност, Агенцијата за пошти своите јавни седници ги организира со цел да ги информира сите заинтересирани субјекти со превземените активности и регулаторните мерки во изминатиот период. Оваа можност ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со плановите и програмите за делување во идниот период.

На јавната седница присуствуваа министерот за транспорт и врски на Република Северна Македонија г-дин Горан Сугарески, министерот за локална самоуправа на Република Северна Македонија г-дин Горан Милевски, генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје г-дин Ејуп Рустеми, заменик шеф на мисијата на Амбасадата на Кралството Шпанија г-дин Џорди Љоренс како и преставници и гости од давателите на поштенски услуги и органите на државната управа на Република Северна Македонија.

Свое излагање на јавната седница имаше директорката на Агенција за пошти г-ѓа Билјана Аврамоска Ѓореска, која говореше за реализираните активности во 2019 година и за плановите за натамошно делување во 2020 година.

На јавната седница се образложи и статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија во 2018 година од страна на раководителката  на директоратот за анализа на пазарот г-ѓа Данијела Спасиќ – Томовска.

Во однос на статистичките податоци директорката на Агенцијата за пошти истакна дека статистичките податоци се клучни за подготовка и донесување на одлуки и дека без добри информации не може да донесат одлуки. Во таа насока директорката Аврамоска Ѓореска ја истакна и потребата од доследно исполнување на обврската на поштенските оператори за доставување на полугодишните извештаи со точни податоци во дадени рокови.

Директорката информираше дека во наредната година формуларот за доставување на податоците ќе биде со проширени барања за што давателите на поштенски услуги навремено ќе бидат известени и истиот ќе биде достапен на веб- страницата на АП.

Најавена беше и потребата од адресен систем, но како што појасни директорката тоа е тема која заслужува посебно внимание и за која во наредниот период ќе се дискутира во поширок формат заедно со давателот на универзалната услуга АД„Пошта на Северна Македонија“ вклучувајќи ги и Министерството за транспорт и врски, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС и други надлежни државни институции.

Image
Image
Image
Image