Од 1 јануари 2020 година од царина ќе бидат ослободени малите пратки во вредност до 90 евра

Од 1 јануари 2020 година од царина ќе бидат ослободени малите пратки во вредност до 90 евра

Во насока на спроведување на препораките на Европската Комисија, како и заради зголемување на обемот на е-трговијата во земјава, од 1 јануари 2020 година од царина ќе бидат ослободени малите пратки во вредност до 90 евра

Како што е соопштено од страна на Министерството за финансии, оваа промена е овозможена со измените на Уредбата, изработени врза база на анализата за царинење на мали пратки, со кои прагот на ослободување од царина за нив се подига од 45 евра на 90 евра.

Исто така, ова беше една од иницијативите на Агенцијата за пошти која уште од 2013 година укажуваше на потребата за зголемување на лимитот за ослободување од плаќање на царински давачки на стоката која се внесува во државата преку поштенски пратки и на која во континуитет се инсистираше во насока за создавање на неопходна правна рамка компатибилна на европската.

Тоа зголемување ќе ги подигне вкупните капацитети на е- трговијата во Република Северна Македонија и последователно на тоа ќе влијае на поштенскиот сектор особено врз раздвижување на пазарот на пакети во меѓународниот но и во домашниот поштенски сообраќај кој сегмент има респектабилен раст во обемот на извршени услуги.