Поддршка од Агенцијата за пошти за вработените во поштенскиот сектор

Поддршка од Агенцијата за пошти  за вработените во поштенскиот сектор

Во време кога нашата земја е исправена пред закана која му се испречува на човековото здравје и живот, во време кога се соочуваме со светска пандемија, не смееме да ги заборавиме луѓето кои придонесуваат  животот да тече и понатаму. Не смееме а да не ги поддржиме, оние кои и покрај оддалеченоста и социјалната дистанца, ни ја овозможуваат топлината и динамиката на секојдневните контакти. Затоа, им оддаваме признание на поштенските работници кои деноноќно и посветено успеваат да ги исполнат нашите очекувања од поштенските услуги!

Се гордееме со вработените во македонскиот поштенски сектор кои и покрај сите предизвици и опасности, смело и одговорно ја вршат својата работа, а со тоа несебично му помагаат на општеството.

Горди сме штo лиценцираните даватели на поштенски услуги ги почитуваат безбедносните препораки и непрекинато ги поврзуваат јавната администрација, бизнисите и граѓаните на нашата земја.

Ви благодариме и од името на сите корисници на поштенските услуги, за вашата одговорност при извршување на работата кога најмногу сте потребни!

Со почит,

Агенција за пошти