ЕРГП објави збирни информации за превземените мерки и активности во однос на обезбедувањето на поштенските услуги за времетраење на пандемијата предизвикана од КОВИД 19

Агенцијата за пошти, како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги ја информира јавноста и сите чинители на пазарот на поштенските услуги, дека ЕРГП (Европската регулаторна група за поштенски услуги), на својата интернет страница(https://ec.europa.eu/growth/sectors/postal-services/ergp_en) објави збирни информации за превземените мерки и активности во однос на обезбедувањето на поштенските услуги за времетраење на пандемијата предизвикана од КОВИД 19.

Информациите, меѓудругото се однесуваат на промените кои се направени во обезбедувањето на универзалната услуга, зголемување на обемот, обезбедување на меѓународните поштенски услуги, како и прекините и промените во операциските активности. 

  • Европската регулаторна група за поштенски услуги (ERGP) е советодавна група на Европската комисија која овозможува консултација и соработка помеѓу независните Национални регулаторни тела (Националните регулаторни органи) во земјите на ЕУ и помеѓу Националните регулаторни тела и Комисијата со цел да помогне во консолидирање на внатрешниот пазар на поштенски услуги и да обезбеди конзистентна примена на законодавството за поштенски / пакетски услуги. Европската регулаторна група за поштенски услуги за сочинуваат регулаторните тела на земјите членки на Европската унија. Земјите со статус на  кандидат за членство во Европската Унија меѓу кои и Република Северна Македонија, учествуваат во работата на ЕРГП како набљудувачи.

Информациите во однос на преземените мерки и активности со состојбата од 22.04.2020 година може да ги најдете на следниот линк:

https://ec.europa.eu/docsroom/documents/40862