Одржан 10-от состанок на Комисијата на Агенцијата за пошти

Врз основа на член 15 ст. 1, член 16 ст. 1 алинеја 10 и член 19 ст. 3 од Законот за поштенски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.27/2019, 275/2019 и 107/2020), Комисијата на Агенцијата за пошти, на предлог на директорот, на состанокот одржана на ден 13 јули 2020 година, преку видеоконференциска врска:

  • го одобри вториот Кварталниот Извештај за спроведување на Годишната Програма за работа на Агенцијата за пошти за 2020 година.

Членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти особено го потенцираа ефективното и ефикасно работење на Агенцијата во периодот април–јуни, пред се поради фактот што Агенцијата за пошти успешно одговори на тековните предизвици и во услови на пандемија со зголемено внимание пристапи кон следење на состојбите:

Агенцијата превзеде низа активности и мерки на соработка и консултации со сите лиценцирани даватели на поштенски услуги кои работеа во услови на вонредната состојба, со цел намалување на негативното влијание од состојбите како и заштита на корисниците на поштенските услуги.

Агенцијата за пошти активно работеше на отстранување на пречките за работа на давателите на поштенските услуги во новонастанатите услови, а согласно надлежностите оствари соработка и со надлежните државни органи и институции.