Марјан Освалд од Словенија избран за заменик генерален директор на Светскиот поштенски сојуз (UPU)

Marjan

На 27миот Светски поштенски конгрес земјите членки го изгласаа Марјан Освалд за позицијата заменик генерален директор на Светскиот поштенски сојуз (UPU).

За време на гласањето за заменик директор на UPU, Марјан Освалд од Словенија беше избран во вториот круг со вкупно 86 гласови.

Откако заврши гласањето, г-дин Освалд изјави: ,, Многу сум среќен и горд што сум тука”.

Г-дин Освалд е остварен извршен директор со 24 годишно искуство во меѓународни поштенски операции, стратегија и продажба. Во моментов е виш советник во iзвршниот менаџмент на Пошта на Словенија, одговорен за меѓународни односи и организации. Г-дин Освалд ја доби оваа позиција после 12 години работа како директор за меѓународна пошта.

Низ годините од неговата кариера, тој бил длабоко навлезен во меѓународниот поштенски бизнис. Тој е активен член на Управниот одбор на PostEurop трет последователен мандат и долгогодишен член на различни  управни комитети во рамките на Меѓународната поштенска корпорација (IPC).Исто така, учествуваше во создавањето на Поштенскиот сојуз за Медитеранот (PUMed), а во 2019та година беше избран за член на одборот на директори на PUMed.Во својата земја, г-дин Освалд е претседател на Словенечкиот национален советодавен комитет запоштенски марки, како и предавачпо меѓународни поштенски операции на Стручниот колеџ за поштенски услуги и телекомуникации во Љубљана. Исто така беше и претседател на надзорниот одбор на Feniksšped (Freight and Forwarding Company) во 2011‒2018 година.

Г-дин Освалд активно учествувал во работата на Светскиот поштенски сојуз, вклучувајќи и UPU Конгреси во 1999, 2004, 2008, 2012 и 2018 година. Тој беше национален координатор за квалитетот на услугите на UPU со два наградени проекти. Еден од нив за нов концепт на поштенски царински процедури поткрепен со софтверско решение што ја доби наградата за поштенска технологија за 2014та година за дигитална иновација на годината.

https://www.upu.int/en/News/2021/8/Marjan-Osvald-of-Slovenia-elected-Deputy-Director-General-of-the-UPU

Image
marjan