БАТЕ ПЕРЕ ЕКСПРЕС ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

Агенцијата за пошти на ден 01.12.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за трговија, производство и услуги БАТЕ ПЕРЕ ЕКСПРЕС ДООЕЛ Скопје.

Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги  БАТЕ ПЕРЕ ЕКСПРЕС ДООЕЛ Скопје,  со што БАТЕ ПЕРЕ ЕКСПРЕС ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

БАТЕ ПЕРЕ ЕКСПРЕС ДООЕЛ Скопје работеше во поштенскиот сектор од 03.06.2015 година до 30.11.2022 година, врз основа на Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на дел од територија на Република Северна Македонија -за подрачјето на  град Скопје, издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-29/2015.