Печати

Поради натписите кои се појавија во дел од електронските медиуми, а во врска со информацијата дека вработените од Македонска пошта се испратени на принуден одмор, сакаме да ги информираме корисниците дека во ниту еден момент не е доведено во прашање работењето на поштенскиот сообраќај во Државата. Сите подружници на Македонска пошта и единиците на поштенска мрежа редовно и навремено и покрај ниските температури ги извршуваат своите обврски.

Менаџментот на АД „Македонска пошта“ како што води грижа за своите корисници исто така води грижа и за своите вработени, и во рамките на можностите ги почитува јавно изнесените препораки од Управувачкиот комитет за кризи.

Известувањето е превземено од веб страната на АД „Македонска пошта“

Печати

 

Мислењето за резервираната област, оцена на состојбите кои треба да се уредат и причините за тоа може да се превземe тукаpdf.

Печати

Единаесеттата јавна седница на Агенцијата за пошти се одржa на 26.12.2016 година во хотел Holiday Inn, во Дневната сала.

Сите заинтересирани страни се информираа и запознаа со превземените активности на Агенцијата за пошти во годината што изминува.

Седницата го имаше следниот дневен ред:
1. Состојбата и трендовите на поштенскиот пазар во Република Македонија за 2015 и 2016 година,
2. Истражување за задоволството на корисниците од услугите на давателот на универзална услуга.

Печати

Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност до сите учесници кои испратија писма на Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз на тема „Напиши писмо до самиот себе на 45-годишна возраст“.

Жири комисијата го избра најдоброто писмо кое ќе ја претставува Република Македонија на овој традиционален меѓународен конкурс. Покрај првонаграденото писмо, Агенцијата одлучи да пофали уште 5 писма.

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОШТИ ГИ ОБЈАВУВА ДОБИТНИКОТ НА НАГРАДАТА И ПОФАЛЕНИТЕ НА КОНКУРСОТ:

  1. Марија Додовска - VIII/1 одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје

Пофалени писма:

  • Јана Петрова - IX б одделение во ОУ „Вера Циривири Трена“- Скопје
  • Сара Стојановска - IX б одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“- Македонска Каменица
  • Нита Јакупи - VII 7 одделение во ОУ „Единство“- Гостивар
  • Елма Незири - VII 7 одделение во ОУ „Единство“- Гостивар
  • Флориана Алиу - IX 4 одделение во ОУ „Наум Фрашери“- Кичево

Победничкото писмо што беше пратено на меѓународниот конкурс може да го видите тукаpdf.

TOP