Печати

Цели на законот за поштенски услуги

 

  • обезбедување на навремени поштенски услуги за прием, сортирање, пренос и достава на поштенски пратки, парични средства и стоки, како на територијата на Република Македонија, така и надвор од нејзините граници,
  • заштита на интересите на корисниците на поштенските услуги,
  • обезбедување доверливост на поштенските пратки,
  • овозможување конкуренција во областа на поштенските услуги според објективни, транспарентни и недискриминаторски услови, на постепен и контролиран начин со цел да се обезбеди извршувањето на универзалната поштенска услуга,
  • унапредување на поштенската инфраструктура на целата територија на Република Македонија за поквалитетно обезбедување на поштенските услуги,
  • обезбедување универзална поштенска услуга вклучувајќи ја и резервираната поштенска услуга,
  • формирање на цените за поштенските услуги на објективни, транспарентни и недискриминаторски принципи и
  • функционирање на поштенските услуги во интерес на Република Македонија.

 

 

 

TOP