Печати

Хуманитарна акција - Збор за надеж

Со цел да им се помогне на граѓаните кои беа погодени од поплавите и поројните врнежи од дожд кои беа најинтензивни во месецот февруари оваа година, да им се подаде рака кога најмногу им е потребно, Агенцијата за пошти во соработка со АД „Македонска пошта“покрена иницијатива за хуманитарна акција „Збор за надеж “ за помош на луѓето од поплавените подрачја.

Главна активност е испраќањето на картички со пораки за поддршка на нашите сограѓани кои беа погодени од невремето. Илустрацијата за пригодната картичка ја направи данскиот уметник Peter Hermann.

Сите заинтересирани кои се хумани и сакаат да помогнат, ќе имаат можност во ракопис да напишат пораки со поддршка и да ги испратат по пошта.

Агенцијата за пошти го постави својот хуманитарен пулт во Градскиот Трговски Центар, од каде сите граѓани ќе можат бесплатно да земат картички и на нив да напишат хумана порака.

Покрај убавиот збор скромно ќе придонесеме и со материјална помош, имено уплатената поштарина од страна на испраќачите, АД „Македонска пошта“ во целост ќе ги донира како парични средства за помош на настраданото население односно ќе се изврши префрлање на средствата кои се добиени по основ на платена поштарина на Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка .

На самиот крај од оваа повеќе месечна акција, Агенцијата ќе направи изложба за сограѓаните кои беа погодени од поплавите. На овој настан, сите пристигнати пораки  од картичките ќе можат да се прочитаат,  авторите на најдобрите пораки ќе бидат наградени.

www.word4hope.ap.mk

Статија во Нова Македонија

Додади коментар


Security code
Нов код

TOP