Печати

50-та јубилејна CERP Пленарна седница

На 28-ми и 29-ми мај 2015 година во Софија, Република Бугарија се одржа 50-тата годишна Пленарна седница на Европскиот комитет за поштенски регулации (CERP).

На пленарната седница учествуваа претставници од 29 земји членки на Европската конференција на поштенски и телекомуникациски администрации (CEPT) со 72 делегати и 5 делегати посматрачи.

На оваа седница од страна на Агенцијата за пошти учествуваа Љубиша Митевски во својство на CERP Претседател кој го организираше работниот програм и ја водеше Пленарната седница, Мирјана Јанковиќ во својство на претставник на CERP Секретаријат и Васил Влахчев учесник на Пленарната седница.

Пленарната седница ја отвори г-дин Валери Борисов заменик министер за Транспорт Информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија.

Работниот дел на Пленарната седница се одвиваше по дневен ред кој беше усвоен на самата седница. Во согласност со дневниот ред на првиот ден од седницата се презентираа и усвоиа пленарни документи изготвени од CERP Работната група за Светскиот поштенски сојуз (UPU) И CERP Работната група за поштенска политика.

На CERP Пленарната седница беа презентирани тековни активности во рамките на Европската група за поштенски регулации (ERGP) како и активности поврзани со организација на Регионалната стратешка конференција која ќе се одржи на 14 и 15 октомври во Никозија, Кипар под организација на PostEurop и во соработка со CERP. Воедно на Пленарната седница беа презентирани тековните активности во рамките на Светскиот поштенски сојуз.

Во вториот дел од работната програма на Пленарната седница се одржа Форум дискусија на тема „ Новите предизвици и можности на обврските од универзалната услуга кои произлегуваат од брзиот развој на поштенскиот пазар во однос на поштенската регулација“. Модератор на Форумот беше претседателот на CERP Работната група за комуникации а како панел дискутанти учествуваа претставници од надлежното министерство за поштенски регулации на Германија и Бугарија, претставниk од PostEurop, претставник од Светскиот поштенски сојуз како и претставник од Европската мулти-канална и онлајн асоцијација.

За време на Пленарната седница се разменија голем број на информации и искуства со претставниците од останатите земји поврзани со регулацијата на поштенските услуги.

 

Додади коментар


Security code
Нов код

TOP