Печати

Награди на меѓународниот конкурс за пишување писмо

Во конкуренција на 1,5 милиони деца од цел свет, Сара Џадид од Либан е победник на меѓународниот конкурс за пишување на писмо во организација на Светскиот поштенски сојуз. Таа го импресионира интернационалното жири со срцепарателна молба за свет без војна. Како дел од наградата за неа е обезбедено патување во Швајцарија и посета на Интернационалното биро на Светскиот поштенски сојуз.

Покрај златниот медал, сребрен медал доби Мириам Кампос Ацин од Шпанија, а добитник на бронзата е Силва Брито Леонардо од Бразил.

Од Македонија со свое писмо учествуваше Софи Пановска од Битола

Наградените писма може да ги видите тука:

Додади коментар


Security code
Нов код

TOP