Печати

Напишете зборови за надеж и донирајте за поплавените области во Македонија.

Испратете ги вашите пораки на адреса:

Агенција за пошти
П.Фах 164 1000 Скопје

Со секоја испратена картичка донирате 18 денари. Картичките може да се најдат во сите подружници на Македонска пошта.

Поддржано од Агенција за пошти и Македонска пошта. Повеќе информации може да видите на: www.word4hope.ap.mk

Печати

Македонската пошта го покани Дерек Озборн, долгогодишен менаџер на британската Кралска пошта и советник на некои од најголемите пошти низ светот, да ги сподели своите искуства и да даде совети за модернизирање на начинот на кој функционира и Македонската пошта.

Озборн изминативе денови одржа предавања за менаџерите и регионалните директори на Македонска пошта и се запозна со структурната поставеност и работните процеси на поштата во Македонија. Озборн, кој советувал некои од светските гиганти како што се поштите на Индија и Јужна Африка, како и некои од најсовремените западноевропски поштенски системи, исто така ги пренесе своите искуства за трендовите во оваа индустрија, која колку што е погодена од подемот на интернетот како средство за комуникација, толку и може да го искористи како начин за влегување во 21 век.

Печати

Во индустриската зона Ќојлија во општина Петровец официјално беше пуштен во употреба логистичкиот центар на компанијата „Глобко логистик“ со површина од 3.500 метри квадратни.

Печати
На 11-ти Ноември во галеријата ,,Феникс, во библиотека ,,Борка Талески"- Прилеп, се одржа петиот интернационален салон на поштенска уметност -мејл арт и визуелна поезија.Годинашна тема на која твореа уметниците беше ,,Масони", а во рамките на салонот учествуваа уметници од цел свет.
Поставката содржеше писма со печати, цртежи на писмата, колажи, компјутерска графика во организација на Центарот за современи уметности ,,Визант".
 
Преземено од Вечер
Печати

Фирмата „Пазл“ за доставата на пратки од електронска трговија се здружи со фирмата за курирски услуги „Забрзување“ заради обезбедување на достава истиот ден за клиенти кои купуваат онлајн со место на живеење во Амстердам, Ротердам и Хаг. 

Услугата ќе биде достапна на онлајн купувачите покрај стандардите опции за достава и ќе зависи од времето на нарачката, големината на пакетот и локацијата на адресата за достава.

Модниот бренд за жени Фаб со седиште во Амстердам веќе ја нуди оваа услуга на корисниците со достава во рок од три часа за 4.95 евра ( 302 денари).

TOP